Најавениот Хумел Куп на кој ќе настапи Вардар1961 ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург, Германија. Покрај Вардар1961 на турнирот ќе учествуваат и екипите на Магдебург (Германија), Горење (Словенија) и на Хослтебро (Данска).
На 21 август ќе се играат полуфиналните натпревари, а следниот ден, на 22 август ќе се играат мечевите за пласман. Дополнително ќе биде решено кои ќе бидат полуфиналните двојки.
Вардар1961 во текот на подготовките планирано е да настапи на два турнири, овој во Германија и плус на турнирот во Струга.
„Црвено-црните” ги почнуваат подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. Тука ќе се остане неколку денови по што се заминува на подготовки на Златибор, од 19 до 29 јули. Потоа екипата се враќа во Скопје и продолжува со подготовките.