Фудбалерите на Силекс денеска попладне во Охрид загубија од најдобриот тим на Албанија, Теута со 0:1. Голот падна во 20.минута, во тој прв период тимот на Теута бил подобар. Ова беше прв пријателски меч за Силекс ова лето. Сепак во вториот дел, кратовци одиграле сосема солидно, имале и неколку шанси за гол кои сепак не ги искористите. Да кажеме дека ова е една од подготвителните средби на Силекс пред настапот на Европа. Кратовци во Охрид ќе одиграат уште една пријателска средба.
Да потсетиме дека Силекс сезонава влегува со нов тренер, Горазд Михаилов и со нов тим, кој прво треба достојно да го претстави клубот во фудбалска Европа, за да потоа експресно се врати во елитата во мак – фудбалот.