УЕФА потврди, нема повеќе гол во гости

327
ФОТО: UEFA.COM

Европската куќа на фудбалот денеска го потврди она што се најавуваше веќе извесно време. Официјално повеќе не постои правилото гол во гости.

Истото е на сила веќе педесетина години но фудбалските времиња се променија, и УЕФА одлучи дека повеќе нема потреба за вакво нешто.

Одсега натаму, екипите кои ќе постигнат ист број на голови во два меча веднаш заминуваат во продолженија, а потоа доколку е потребно и во пенал серија.

Голот во гости своевремено е воведен како замена, за играњето на трет меч во меѓусебните дуели, а потоа и од најпростото фрлање на паричка кој ќе помине понатаму.

 

ПретходноПознат составот на У18 репрезентацијата
СледноМален после ЕУРО се сели во Дортмунд