Групната фаза на ЕП 2020 заврши, па сега се анализираат настапите на тимовите и на фудбалерите и кои од нив импресионираа, а кои разочараа. Редакцијата на реномираната Би-Би-Си постави анкета меѓу посетителите на интернет страницата за тоа кои според нив се најдобрите играчи по одигрувањето на групната фаза (услов тие да одиграле најмалку по 60 минути на два од трите натпревари).
Најмногу гласови собра Кевин де Брујн од Белгија со просечен скор од 8,36. Интересно, во тимот го нема Кристијано Роналдо, ниту играчи од Англија, Шкотска, Велс, Шпанија, Франција, Германија…, а го има македонскиот офанзивен бек Езџан Алиоски.