Арсенал брои 50 милиони фунти за англиски репрезентативец

316

Арсенал е многу блиску до договор со англискиот дефанзивец Бен Вајт од составот на Брајтон, информираат неколку весници од Островот повикувајќи се на извори од лондонскиот клуб. Арсенал и Брајтон преговараат неколку седмици, а наводно постигнале договор и тоа за сума од 50 милиони фунти колку што бара клубот од југот на Англија.

Арсенал има потреба од централен бек по заминувањето на Давид Луис, а некои од помладите ќе бидат дадени под наем.

Прво „топчиите“ понудиле 40 милиони фунти кои биле одбиени, па зголемиле на 45 милиони со 5 милиони во форма на бонуси.

Во меѓувреме Барнли си купи нов централен бек, тоа е Нејтан Колинс од Стоук кој дојде од Стоук Сити.

 

ПретходноАлиоски во најдобриот тим во групната фаза на ЕП 2020
СледноСилекс поразен од Теута на првата летна контрола!