„Гаучосите“ му приредија роденденско изненадување на Меси (ВИДЕО)

173

Денеска еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, сеупште активниот Лионел Меси полни 34. години. Тој мораше истиот да го прослави во кругот на репрезентативните колеги затоа што е во тек Копа Америка, континенталното натпреварување на Јужна Америка.

Остатоткот на екипата реши, да го удостои капитенот со изненадување по повод роденденот, и да му подари што се вели „она што се нашло“ во базата на Аргентина со оглед на фактот што се работи за „балон“ и никој не смее да влегува ниту излегува од објектот каде што се е сместена селекцијата на Аргентина.

Сепак, Меси со воодушевување ги прифати подароците, заблагодарувајќи се пред се на гестот.

ПретходноМален после ЕУРО се сели во Дортмунд
СледноМакедонија загуби од Сан Марино