Каков шок: Франција остана без двајца играчи (ВИДЕО)

2364

По синоќешниот спектакл со Португалија во Будимпешта, кога беше 2:2, Франција во 1/8 финалето се среќава со Швајцарија.

Но лоши вести доаѓаат од таборот на Франција вечерва. Имено за само неколку минути на тренингот, се повредиле двајца репрезентативци. Станува збор за Маркус Турам и Томас Лемар. Посебно страдаше Лемар кој мораше со помош на докторите на репрезентацијата да го напушти тренингот.

Допрва ќе се знае дали и двајцата ќе можат да бидат во комбинација за следните мечеви на актуелниот светски првак. Но првичните информации велат дека повредите и на двајцата не се нималку наивни.

Фото: Actu Foot/Twitter
ПретходноУЕФА не им дозволува на Италија и Австрија да тренираат на “Вембли“!
СледноРенова од 16 до 28 јули во Охрид, пријателски со Работнички, Вардар, Гњилане, Егнатиа…