Клоп импресиониран од репрезентативец на Шкотска, почнал веднаш да се распрашува за него

502

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е импресиониран од играчот за врска на Шкотска и првотимец на Астон Вила, Џон МекГин. Според „Атлетик“, германскиот стратег сака 26-годишниот играч од средниот ред да го замени Џорџино Вајналдум, кој замина во ПСЖ.

Клоп дури го контактирал и левиот бек Робертсон, за неговиот тимски колега од селекцијата на Шкотска. Според изданието, Клоп бил фасциниран од енергијата и пожртвуваноста на МекГин на последните настапи.

Астон Вила ќе побара околу 50 милиони фунти за слободата на Шкотланѓанецот, што значи дека Ливерпул нема лесно да дојде до неговиот потпис.

Флоријан Нојхаус и Лоренцо Пелегрини се другите две алтернативи за пополнување на празнината во средниот ред.

ПретходноДвајца одбојкарски репрезентативци ги објавија новите клубови
СледноСилекс од вчера во Охрид, денеска првата контрола со шампионот на Албанија!