Кошаркарскиот клуб Гостивар го потврди трансферот на 30-годишниот бек Војче Лефкоски. Тој свушност се враќа во клубот во кој ја започна својата кариера, а исто така играше за Вардар, Охрид, Блокотехна, Кожув и Црн Дрим.
Претходно клубот ги донесе браќата Димитриевски, Јанески и Ефремовски, а на почетокот на јуни го продолжи договорот со тренерот Александар Јончевски.