Ливерпул не ги пушта играчите на ОИ во Токио

344

Управата на Ливерпул соопшти дека клубот нема намера да пушта играчи за ОИ во Токио. Мохамед Салах кој треба ше ад игра на Олимпијадата, веројатно тоа нема да го стори.

„Го замоливме Ливерпул да го пушти Салах во олимпискиот тим на Египет, но тие ми рекоа дека чекаат дозвола од стручниот штаб. На крајот ме одбија затоа што не сакаат да загубат ниту еден играч пред почетокот на сезоната. Разговаравме со Салах и тој рече дека ќе разговара со стручниот штаб“, изјави претседателот на египетската фудбалска федерација, Ахмед Мегахед.

ПретходноСпортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Ми се чини како Мрме да одеше против Игор Ангеловски!
СледноНа Копа Америка „врие“, судијата асистент во триумфот на Бразил (ВИДЕО)