Металург се раздели со еден од странците

679

Металург во следната сезона нема да смета на Момир Рниќ. Српскиот ракометар не се снајде најдобро во дресот на тимот од Автокоманда, по една сезона се враќа во  Пролетер од Зрењанин, клубот од каде што направи трансфер токму во Металург.

Раководството на „металурзите“ веќе го градат составот за новата сезона во која одново избори излез во Европа. Токму за таа цел ја продолжија соработката со Златко Хорват, а ги потпишаа и браќата Њокас. Нов договор потпиша капитенот, Даниел Дупјачанец, а во тимот се врати Костадин Петров, останува и Василије Калуѓеровиќ.

Следната сезона во составот нема да биде македонскиот репрезентативец, Мартин Серафимов.

ПретходноРенова од 16 до 28 јули во Охрид, пријателски со Работнички, Вардар, Гњилане, Егнатиа…
СледноИталијанците се забавуваат: Инсиње го преплаши Имобиле (ВИДЕО)