Горан Пандев кој пред неколку дена ја заврши репрезентативната кариера, со емотивен статус на „Инстаграм“ се обрати кон селекторот Игор Ангеловски.
Тој му се заблагодари на соработката и упати пофални зборови кон него.
„20.10.2015, прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратите репрезентацијата во живот… ги паметам зборвите кога рековте дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европското првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. ШЕФЕ, благодарам е малку да ви кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев.