Познати се ривалите на Вардар на Хумел Купот

400

Најавениот Хумел Куп на кој ќе настапи Вардар1961 ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург, Германија. Покрај Вардар1961 на турнирот ќе учествуваат и екипите на Магдебург (Германија), Горење (Словенија) и на Хослтебро (Данска).

На 21 август ќе се играат полуфиналните натпревари, а следниот ден, на 22 август ќе се играат мечевите за пласман. Дополнително ќе биде решено кои ќе бидат полуфиналните двојки.

Вардар1961 во текот на подготовките планирано е да настапи на два турнири, овој во Германија и плус на турнирот во Струга.

„Црвено-црните” ги почнуваат подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. Тука ќе се остане неколку денови по што се заминува на подготовки на Златибор, од 19 до 29 јули. Потоа екипата се враќа во Скопје и продолжува со подготовките.

ПретходноПријателска: Струга ТЛ одигра 1:1 со Партизани!
СледноИ официјално: Тофилоски е нов голман на Тиквеш!