Доцна попладнево на градскиот стадион во Струга, нашиот евро – преставник, тимот на Струга Трим Лум одигра 1:1 против Партизани, еден од најдобрите тимови во Албанија. Гостите од Тирана поведоа со голот на Кардосо во 64.минута, за да три минути подоцна Емир Скендери израмни на 1:1, а со тоа го постави и конечниот резултат.
Инаку ова беше прва летна контрола за составот на Срѓан Захариевски кого го очекува двомеч со летонска Лиепаја на 8 и 15 јули во рамките на првото коло во квалификациите за Конфенерциската лига.
Интересно е тоа што стартер за Партизани беше Ферхан Буба Хасани кој беше во составот на нашата репрезентација на ЕУРО 2020. Значи за Буба нема одмор.