Ненад Димитријевиќ од следната сезона ќе го гледаме во Ендеса Лига, но во дресот на Валенсија. Македонскиот репрезентативен плејмејкер го напушти Хувентуд по долги години, одлучи дека е време за нов предизвик, кој ќе го однесе чекор напред.
За кариерата на Димитријевиќ е задолжен еден од најдобрите кошаркарски менаџери, Мишко Ражњатовиќ. Тој го однесе Перо Антиќ во НБА-лигата, па Нено е во вистински раце.
Интересно е што двајцата по една години конечно се запознаа. Сите детали ги решаваа преку телефон. Нено на патот кон Скопје, помина во Белград да се сретне со Ражњатовиќ, кој пак веднаш објави фотографија со него.
View this post on Instagram