РБ Лајпциг е многу блиску до реализација на трансферот на Лукас Нмеча, најдобриот стрелец на неодамна завршеното младинско Европско првенство. Нмеча со младинската германска репрезентација ја освои европската титула, а тој со четири гола беше број 1 на листата на стрелци.
Нмеча е фудбалер на Манчестер Сити, а изминатите сезони играше како позајмен во Престон, па Волфзбург, па Мидлсбро, а претходните шест месеци беше член на Андерлехт.
РБ Лајпциг за овој 22-годишен крилен напаѓач ќе плати 10 милиони евра. Во трката се уште Ајнтрахт Франкфурт, Штутгарт и Спортинг Лисабон, но Лајпциг има најдобра понуда.