Силекс од вчера во Охрид, денеска првата контрола со шампионот на Албанија!

703

Силекс, нашиот претставник во Конференциската лига, под водство на новиот стратег Горазд Михаилов и новиот спортски директор Стевица Ристиќ, наголемо ги одработува подготовките. Целта е јасна, кратовци достојно да го презентираат мак – фудбалот против романскиот Петрокуб.

Од вчера експедицијата на Силекс е во Охрид, базата е хотелот “Силекс“, а веќе денеска се игра и првата од двете пријателски средби кои стручниот штаб ги планира за оваа фаза од подготовките.

Денеска ривал ќе биде тимот на Теута, шампионот на Албанија, тим во кој со успех настапува нашиот интернационалец Баже Тодоровски, и кој пред 15 години играше и за Силекс.

Мечот се игра на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот. Додека на 28 јуни, но во Струга, Силекс ќе го одмери слите со тимот на Љачи, исто од Албанија.

ПретходноКлоп импресиониран од репрезентативец на Шкотска, почнал веднаш да се распрашува за него
СледноЕнис Барди меѓу најпријатните изненадувања во првата фаза на ЕУРО 2020