Како што неофицијално дознава Спортмедиа, можно е многу бргу да се разрешат проблемите со кои се соочува ФК Пелистер. Имено фирма од странство деновиве доставила понуда за купување или поточно за вложување во спортската гордост на Битола. Сака да го откупи тие 75% од акциите кои се во сопственост на Пеце Стојчевски, актуелниот претседател на ФК Пелистер. Останатите 25% се водат на име на општината Битола.
Во моментов, како што велат нашите информации, а така и се шпекулира во битолската фудбалска чаршија, се водат разговори и преговори. Во се ова е инволвиран еден наш поранешен истакнат фудбалски репрезентативец, позната фудбалска фаца во Македонија.
Секако дека, ако се оствари, ова е многу добра информација. Пелистер заслужува да биде еден од нашите водечки клубови, според рејтингот, големината на клуботм, бројната навивачка армија.
И ова мора да се разреши што побргу, имено досега само Пелистер од нашите прволигаши не ги стартуваше подготовките, а веќе цел тим и си замина.