Европската куќа на фудбалот денеска го потврди она што се најавуваше веќе извесно време. Официјално повеќе не постои правилото гол во гости.
Истото е на сила веќе педесетина години но фудбалските времиња се променија, и УЕФА одлучи дека повеќе нема потреба за вакво нешто.
Одсега натаму, екипите кои ќе постигнат ист број на голови во два меча веднаш заминуваат во продолженија, а потоа доколку е потребно и во пенал серија.
Голот во гости своевремено е воведен како замена, за играњето на трет меч во меѓусебните дуели, а потоа и од најпростото фрлање на паричка кој ќе помине понатаму.