Атланта му го нанесе првиот пораз на Милвоки на домашен терен во плеј-офот (ВИДЕО)

227

Во воведниот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА лигата, кошаркарите на Атланта приредија изненадување и го совладаа Милвоки Бакс на гости со 116-113. Меѓу луѓето на кои одат заслугите за триумфот во прв ред беше Треј Јанг, кој постигна дури 48 поени.

Ова е негов рекорд во плејофот во НБА, а тој постави и нова пресвртница во историјата на натпреварувањето, бидејќи никој не постигнал толку многу поени на својот прв настап во конференциско финале.

Јанг уфрли 50% од шутевите од игра (17/34) и придонесе со 11 асистенции и седум скока.

Грчката суперѕвезда Адетокумбо повторно беше одличен и му недостасуваше само една асистенција (34 поени, 12 скока и 9 асистенции) за нов трипл-дабл. Веднаш до него беше Дру Холидеј кој заврши со 33 поени.

Милвоки со ова го претрпе првиот пораз на домашен терен во годинашниот плејоф, а во сабота навечер ќе има можност за реванш.

 

ПретходноРекордер: Роналдо го стигна Даеи по бројот на голови во националниот дрес
СледноБразил незадржлив: „Kариоките“ со пресврт ја совладаа и Колумбија (ВИДЕО)