Денеска еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, сеупште активниот Лионел Меси полни 34. години. Тој мораше истиот да го прослави во кругот на репрезентативните колеги затоа што е во тек Копа Америка, континенталното натпреварување на Јужна Америка.
Остатоткот на екипата реши, да го удостои капитенот со изненадување по повод роденденот, и да му подари што се вели „она што се нашло“ во базата на Аргентина со оглед на фактот што се работи за „балон“ и никој не смее да влегува ниту излегува од објектот каде што се е сместена селекцијата на Аргентина.
Сепак, Меси со воодушевување ги прифати подароците, заблагодарувајќи се пред се на гестот.