И официјално: Тофилоски е нов голман на Тиквеш!

2666

Она што Спортмедиа го најави точно пред една недела, од денеска и е официјално. Дарко Тофилоски, искусниот голман и некогашен репрезентативец на Македонија е нов член на Тиквеш. Кавадарчани не престануваат со засилувањата. Покрај Иван Ивановски и Дарко Тофилоски, кавадарчани имаат намера да се засилат и со најмалку 4-5 странци, а се преговара и со неколку домашни квалитетни прволигашки засилувања.

Тиквеш вчера под водство на стратегот Пане Блажевски ги стартуваше подготивките за следната сезона во ПМФЛ, во која ќе играат по пауза од 17 години.

ПретходноПознати се ривалите на Вардар на Хумел Купот
СледноЛефковски се врати во КК Гостивар