По само шест месеци престој во Борец Велес, каде ја одигра пролетната полусезона во ПМФЛ, стоперот Филип Мишевски се врати во Ѓорче, се врати во екипата на Македонија ЃП каде претходно играше во изминатите три сезони. Со неговото враќање тимот од Ѓорче успева да го комплетира својот тим и со оптимизам да влезе во следната сезона во ПМФЛ.
Инаку Филип Мишевски (29) досега играше за Работнички, Тиквеш, Пелистер, Скопје.