Пораз на тениската репрезентација на Македонија на Дејвис куп турнирот кој се одржува во Скопје, и кој е дел од четвртата евроафриканска зона.
По двете стартни победи, денеска Македонија загуби од Сан Марино со конечни 1:2. Клучен се нашиот пораз беше мечот во двојки во кои Стефан Мицов и Калин Ивановски, загубија од Марко Де Роси односно Стефано Галвани, со 1:2, по сетови 6:1, 3:6, 2:6.
Претходно токму Ивановски победи против Галвани во сингл дуелите, а Србљак загуби од Марко Де Роси.
Сега Македонија чека расплет во групата во која главен збор на крајот ќе боди репрезентацијата на Молдавија.