„Малку“ го промашиле градот: Француски навивачи наместо во Будимпешта, завршиле во Букурешт!

3367

Неколку француски навивачи не успеале да присуствуваат на мечот Франција – Унгарија бидејќи наместо во Будимпешта, завршиле во Букурешт.

Група на Французи, вработени во ИТ компанија, слетале во Букурешт, и почнале да го бараат стадионот.

Во тоа им „помогнале“ навивачите на Украина кои исто така слетале во романската пресполнина.

Потоа шок. Поради неразбирање на јазикот, разбрале дека се 500 километри оддалечени од нивната крајна дестинација.

Французите купиле три карти за Букурешт, а три за Будимпешта, и на крајот сите завршиле во Романија. Агенцијата која им ги продала авионските карти, им кажала дека го добиле она што го барале, а тоа што не знаеле како се вика градот, тоа не било нивна грешка.

ПретходноНикој не сака во Тотенхем, уште еден тренер одби да седне на нивната клупа
СледноСпортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Ми се чини како Мрме да одеше против Игор Ангеловски!