Ренова од 16 до 28 јули во Охрид, пријателски со Работнички, Вардар, Гњилане, Егнатиа…

622

Веќе неколку дена “гипсарите“ се во погон. Додека стручниот штаб и играчите ја одработуваат првата фаза од подготовките, раководството прави напори за да се засили тимот. Досега се донесени неколку квалитетни засилувања, а се очекува да има најмалку уште 2-3, посебно ќе се засили нападот.

Инаку Ренова, она што е вообичаено за овој клуб, главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Охрид, и тоа од 16 до 28 јули.

Претходно, на 7 јули во Маврово ќе одигра пријателска со Гњилане, се бараат ривали за 10 и 14 јули. Во Охрид се бара ривал за 18 јули, додека на 21 противник ќе биде Работнички. Потоа на 24 јули ќе се одмерат силите со Егнатиа, тим од елитната лига на Албанија, а за крај, на 28 јули, спаринг партнер ќе биде второлигашот Вардар.

ПретходноКаков шок: Франција остана без двајца играчи (ВИДЕО)
СледноМеталург се раздели со еден од странците