Неверојатни сцени ни доаѓаат од Гана. Вчера таму се играше дербито меѓу членовите на Премиерлигата, Асанте Кокото и Карела Јунајтед. Се случил бизарен инцидент кога домашните фанови го исфрлија коментаторот кој тврдел дека немало пенал откако судијата покажал на белата точка за составот на Асанте Кокото.
На крајот домашниот тим, и покрај инцидентот, успеал да слави победа од 2:1 и со тоа да се израмни на чело на табелата со тимот на Хартѕ оф Оак. Додека тимот на Карела и натаму е на шестото место.