Симона Халеп не игра на Вимблдон

215

Романската тенисерка Симона Халеп инаку, актуелен освојувач на титулата на Вимблдон преку социјалните мрежи објави дека нема да биде дел од годинешното издание на овој Гренд Слем.

Причината е повреда на листот, за која Халеп не сака да ризикува, односно воопшто не е ниту во можност да ја игнорира и да настапи.

„На моја голема жал, морам да објавам дека се откажувам од настап на овогодинешниот Вимблдон, затоа што не сум потполно опоравена од повредата“ – напиша Романката.

 

ПретходноАгентите на Грилиш се договорија со Астон Вила за трансфер, Сити плаќа 100 мил
СледноВлазнија го „краде“ Агим Ибраими