Данска во последното коло од групната фаза на ЕП играше со Русија и со победата од 4:1 се пласира во осминафиналето. Тој меч се играше на „Паркен“, а освен убедливата победа на Данците на мечот можеше да се забележи уште еден момент.
Навивач на Данска се искачи до врвот на трибината на „Паркен“ стадионот со тоа што во рацете носеше 12 чаши пиво и хот-дог. Ги „спакува“ на три спрата, а меѓу четирите чаши на горниот спрат ставил и хот-дог.
Тој беше испратен со аплауз од трибините за подвигот.
Foto: Printscreen/Twitter/@barstoolsports