Утре почнуваат осминафиналните дуели на ЕУРО 2020, а еден од нив е Австрија против Италија. Италијанците имаа 100% ефект во групната фаза, три победи и без примен гол со што влеваат страв кај противниците. Но не и кај пргавиот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ. Мечот се игра на „Вембли“ во Лондон.
„Луѓето велат дека е лошо за нас тоа што Италија нанижа 11 меча без примен гол, но, да бидам искрено, тоа воопшто не ме загружува. И ние знаеме да играме фудбал. Ќе се соочиме со фантастична екипа, светска класа. Селекторот Роберто Манчини исто така е светска класа. Статистиката на Италија кажува дека се неверојатен тим, но сега се игра само еден меч. 90 минути и кој победи оди понатаму.
За да успееме не треба да им се плашиме. Не им се плашам на Киелини и Бонучи. Тие во тандем играат долго време и веќе „дишат“ како едно. Киелини може да не игра поради повреда, но тука е Франческо Ачерби, исто така уште еден одличен фудбалер. Но, ќе повторам не им се плашам, ова е еден натпревар на кој ќе дадам се од себе. Австрија со пласманот во осминафиналето направи голема работа, но сакаме уште повеќе“, изјави Арнаутовиќ за „Скај спортс Италија“.