Бадел и Кам-Баскет ги дознаа противниците во јадранската лига

299

Во новата сезона во женската јадранска лига, покрај Бадел 1862 учество ќе земе и двојниот освојувач на круната во Македонија, Баскет Кам.

Денеска на редовно годишно Собрание беа одредени групите и двојките за првото коло во ова натпреварување.

Бадел 1862 во првото коло ќе игра против Цинкарна Целје. Македонскиот претставник се најде во група со Орлови, Берое, Феникс и Војводина.

Баскет Кам е во групата Б, на стартот силите ќе ги одмери со Пламен, додека за противници ги има уште и Партизан 1951, Будуќност, Триглав, Бановичи и Монтана.

Стартот на ова натпреварување е закажано за 22. септември.

ПретходноСоиграч на Кристијано: Тој секогаш јаде исто – брокула, пилешко и ориз!
СледноСуперкомпјутер го предвиди европскиот првак