По најавите а Игор Ангеловски дека заминува од клупата на репрезентацијата а со оглед на тоа дека неговиот договор со ФФМ е со важност до среда (30.07.2021), уште денеска се очекува националниот тим да добие нов предводник.
На местото на еден, доаѓа нов стратег кој исто така зад себе има историски настап на ЕП и второ место во квалификации во кои за еден гол не избори пласман на нов континентален собир. Благоја Милевски ја добива селекторската палка, а УО на ФФМ уште денеска закажа седница на која се очекува да биде донесена ваква одлука. Неговиот договор официјално би започнал од 1. август.
Потегот на ФФМ е очекуван, Милевски е човекот за новите предизвици. Актуелниот селектор на младата репрезентација сега оди во сениорите каде поголемиот дел од фудбалерите се негов производ.
Во текот на попладнево се очекува официјална потврда за ваквите најави од „куќата на фудбалот“ каде во план за нов селектор на младата селекција е Драган Канатларовски, а се бараат алтернативи и за селекциите до 19 и 18 години.
Се очекуваат и одлуки за новиот шампионат кој треба да стартува во август.