Неверојатно: Фановите во Гана го исфрлија коментаторот зошто тврдел дека не било пенал!

389

Неверојатни сцени ни доаѓаат од Гана. Вчера таму се играше дербито меѓу членовите на Премиерлигата, Асанте Кокото и Карела Јунајтед. Се случил бизарен инцидент кога домашните фанови го исфрлија коментаторот кој тврдел дека немало пенал откако судијата покажал на белата точка за составот на Асанте Кокото.

На крајот домашниот тим, и покрај инцидентот, успеал да слави победа од 2:1 и со тоа да се израмни на чело на табелата со тимот на Хартѕ оф Оак. Додека тимот на Карела и натаму е на шестото место.

ПретходноПОТВРДЕНО: Благоја Милевски е нов селектор на фудбалската репрезентација!
СледноНовата сезона во Франција почнува на 8 август: ПСЖ тргнува на гости кај Троа