Уругвај ја забележа првата победа на Копа Америка. По поразот од Аргентина и ремито со Чиле, 15-кратниот јужномерикански шампион ја совлада Боливија со 2:0 во третото коло. Уругвајците поведоа со автогол на Квинтерос во првото полувреме, а во 79. минута Единсон Кавани со 52 гол за репрезентацијата ја запечати победата и пласманот во нокаут рундата.
Во истата група А, Чилеанците го впишаа првиот пораз во четвртиот меч. По двете ремија и едната победа, репрезентацијата на Чиле изгуби од Парагвај со 0:2. Парагвајците со овој триумф се пласираа во четвртфиналето на шампионатот.
Отвори напаѓачот на турски Ризеспор, Брајан Самудио со гол во 33. минута. Тоа воедно е негов прв гол за Парагвај во петтиот меч.
Во второто полувреме Гери Медел направи прекршок за пенал по кој Алмирон зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат. За Парагвај ова е втора победа на Копа Америка и е на второто место на табелата.
Estas fueron las jugadas más destacadas de la victoria de la @Albirroja por 2-0 sobre @LaRoja en el cierre de la fecha 4 de la CONMEBOL #CopaAmérica
🇨🇱 Chile 🆚 Paraguay 🇵🇾#VibraElContinente #VibraOContinente pic.twitter.com/jq9piUXV0w
— Copa América (@CopaAmerica) June 25, 2021
ARGENTINA LIDERA 🔝
Las posiciones del Grupo A, luego de la cuarta fecha de la CONMEBOL #CopaAmérica 🏆 🇦🇷🇵🇾🇨🇱🇺🇾🇧🇴#VibraElContinente pic.twitter.com/e9KskRKh14
— Copa América (@CopaAmerica) June 25, 2021