Легендарниот српски кошаркар и сега тренер, Александар Ѓорѓевиќ ја заврши својата мисија во Виртус со освоување на шампионската титула во Италија и е во потрага по нов клуб. Според грчкиот „Totalbasket“ Ѓорѓевиќ најверојатно ќе биде тренер на рускиот Уникс од Казан.
Досегашниот тренер на оваа екипа која во новата сезона ќе игра во Евролигата, Димитриос Прифтис ќе биде тренер на Панатинаикос, па Ѓорѓевиќ би требало да го замени.
Ѓорѓевиќ никогаш не работел во Русија, ниту бил играч на руски клуб. Ги предводеше Баерн Минхен, Панатинаикос, Бенетон Тревизо, Олимпија Милано.