Рашфорд по Еуро 2020 на операција, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Премиер лигата

265

Првиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе мора да оди на хируршка интервенција по завршувањето на Еуро 2020, со што ќе ризикува да го промаши почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Од ноември, тој игра со силни болки како резултат на истегнување на мускулот на левото рамо. Играчот ќе донесе одлука за операција на крајот на ЕП.

Доколку 23-годишникот замине на операција, би можел да го пропушти почетокот на сезоната во Премиер лигата, затоа што ќе му биде потребна пауза од најмалку 45 дена.

ПретходноТурција е замената за Сингапур на календарот во Формула 1
СледноСо дрва и камења по Лев: Поминавме понатаму, но никој не знае зошто!