Финале на Западот: Клиперси го возвратија ударот против Санс

250

Лос Анџелес Клиперс не се предаваат, ја намалија предноста на Феникс Санс во финалето на Западната конференција на НБА лигата на 2:1. По двата порази во Аризона, вториот буквално во последната секунда од натпреварот, Клиперси ја искористија  предноста на домашниот терен и славеа со 106:92. Со тоа ја прекинаа и рекордната победничка серија на Феникс од девет победи во плеј-офот.

Клиперс конечно заиграа одлично, имаа и 18 поени предност во третиот и четвртиот период и на крајот заслужено победија. Клиперс повторно беа без најголемата ѕвезда Кавај Ленард, но ги предводеа Пол Џорџ со 27 поени и 15 скокови и Реџи Џексон со 23 поени. Хрватот Ивица Зубац имаше добар настап со 15 поени и 16 скокови.

Кај Фенис, Деандре Ејтон уфрли 18 поени, капитенот Девин Букер стигна само до 15 поени исто колку и Пол.

Следниот меч е во Лос Анџелес во недела во 3 часот наутро по македонско време.

Фото: Принтскрин/Ју-тјуб

ПретходноРажњатовиќ: Конечно се запознавме со Димитријевиќ!
СледноПарагвај го „суреди“ Чиле, Уругвај ја забележа првата победа (видео)