Еден од водечките холандски интернет портали „NOS Sport“ ги одбра најдобрите 11 во групната фаза на ЕП 2020. По 36 натпревари во групната фаза, принципот на избор на новинарите на NOS беа фудбалерите кои освен со своите квалитети, се истакнаа и со перформансите на и надвор од теренот. Како што велат самите „со малку креативност“ се потрудија да го состават тимот во формација 3-4-3.
Во нападот се ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо, чешкиот репрезентативец Патрик Шик и македонскиот капитен Горан Пандев.
За Пандев напишаа дека не само што е човекот кој ја однесе Македонија на ЕП, туку одигра одлични натпревари на ова ЕП. Го постигна првиот гол за Македонија на ЕП на дуелот со Австрија, избори пенал против Украина, а имаше и магични моменти против Холандија. Исто така го привлече објективот на камерите поради емоциите за време на изведувањето на химната кога пушти и солзи. Пред крајот доби огромен аплауз не само од холандските и македонските фудбалери на теренот, туку и од навивачите на двете репрезентации на „Јохан Кројф“ арената. Со тоа покажа за каква величина се работи.
Een EK-elftal niet zo zeer op basis van alleen maar voetballende kwaliteiten, maar ook vanwege acties op en buiten het veld.
Lees hier meer ➡ https://t.co/CRpzx52f7v pic.twitter.com/lam1Ed8TfO
— NOS Sport (@NOSsport) June 25, 2021