ЦАР: Ги искачи трибините на „Паркен“ со 12 чаши пиво и хот-дог

263

Данска во последното коло од групната фаза на ЕП играше со Русија и со победата од 4:1 се пласира во осминафиналето. Тој меч се играше на „Паркен“, а освен убедливата победа на Данците на мечот можеше да се забележи уште еден момент.

Навивач на Данска се искачи до врвот на трибината на „Паркен“ стадионот со тоа што во рацете носеше 12 чаши пиво и хот-дог. Ги „спакува“ на три спрата, а меѓу четирите чаши на горниот спрат ставил и хот-дог.

Тој беше испратен со аплауз од трибините за подвигот.

Foto: Printscreen/Twitter/@barstoolsports

ПретходноМонтреал по 28 години е во финалето на Стенли купот
СледноХоландски „NOS Sport“ го стави Пандев во најдобриот тим по групната фаза на ЕП