Арнаутовиќ пред дуелот со Италија: Не им се плашам на Бонучи и Киелини

282

Утре почнуваат осминафиналните дуели на ЕУРО 2020, а еден од нив е Австрија против Италија. Италијанците имаа 100% ефект во групната фаза, три победи и без примен гол со што влеваат страв кај противниците. Но не и кај пргавиот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ. Мечот се игра на „Вембли“ во Лондон.

Луѓето велат дека е лошо за нас тоа што Италија нанижа 11 меча без примен гол, но, да бидам искрено, тоа воопшто не ме загружува. И ние знаеме да играме фудбал. Ќе се соочиме со фантастична екипа, светска класа. Селекторот Роберто Манчини исто така е светска класа. Статистиката на Италија кажува дека се неверојатен тим, но сега се игра само еден меч. 90 минути и кој победи оди понатаму.

За да успееме не треба да им се плашиме. Не им се плашам на Киелини и Бонучи. Тие во тандем играат долго време и веќе „дишат“ како едно. Киелини може да не игра поради повреда, но тука е Франческо Ачерби, исто така уште еден одличен фудбалер. Но, ќе повторам не им се плашам, ова е еден натпревар на кој ќе дадам се од себе. Австрија со пласманот во осминафиналето направи голема работа, но сакаме уште повеќе“, изјави Арнаутовиќ за „Скај спортс Италија“.

ПретходноХоландски „NOS Sport“ го стави Пандев во најдобриот тим по групната фаза на ЕП
СледноМората: Добивам смртни закани, загрижен сум за сопругата и децата