“Бежанија“ од Пелистер: Илиески и Талески во Струга ТЛ, Гоудиаби во Азербејџан!

2601

И дефинитивно ситуацијата во Пелистер е очајна, па така играчите еден под еден си заминуваат од битолската фудбалска гордост. Најново е тоа што дефанзивецот Дарко Илиески и голманот Давор Талески се пред промоција во Струга Трим Лум. И двајцата веќе ги завршиле разговорите, сега останува само и официјално нашиот претставник во фудбалска Европа да ги промовира како свои нови имиња. Се разбира дека ова се големи засилувања за составот на стратегот Срѓан Захариевски.

Исто така и официјално од Пелистер си замина и Омар Гоудиаби, кој и покрај тоа што преговараше со повеќе наши клубови, својата кариера ќе ја продолжи во Азербејџан.

ПретходноКанатларовски ќе ја преземе У-21 селекцијата на Македонија
СледноМатеус: Ако Санчо не им е добар на Англичаните, ние може да му дадеме пасош