Влазнија го „краде“ Агим Ибраими

675

Агим Ибраими и во новата сезона веројатно ќе остане во Албанија. Фудбалерот на Кукс, кој има активен договор со тимот уште една сезона, можно е летово да ги промени клупските бои, па од Кукс да се пресели во Влазнија од Скадар.

Според пишувањата на дел од локалните медиуми, за Ибраими во трка се Влазнија и кипарски АЕЛ. Сепак, Влазнија е посилна во намерите да го купи, затоа што нивниот тренер Томас Брдариќ инситирал да го види 32-годишниот крилен напаѓач во својот тим за следната сезона.

ПретходноСимона Халеп не игра на Вимблдон
СледноПОТВРДЕНО: Благоја Милевски е нов селектор на фудбалската репрезентација!