Ренова и тоа како знае што сака. Имено од денеска нов член на “гипсарите“ е Никола Ристески, дефанзивецот, кој може да игра на повеќе позиции во тој дел од тимот. И како стопер, и како бек. Ристески до пред некој ден беше фудбалер на Работнички, но откако се раздели со “романтичарите“ тој имаше неколку понуди, но ја одбра таа на Ренова. Секако дека ова е одличен потег на “гипсарите“ кои од Ристески очекуваат одлични настапи во дресот на нивниот тим. Договорот меѓу него и Ренова е со важност од една година.
Инаку Ристески има 24 години, а досега има играно за Кожуф, Еуромилк, Борец, Кит -Го, повторно во Борец и од јануари па до мај беше во Работнички.