Фавре прво се договори со Кристал Палас, па ги „откачи“

679

Англискиот Кристал Палас ја продолжува потрагата по нов тренер откако не им успеа зделката со Лусиен Фавре. Се чинеше дека Швајцарецот ќе биде заменикот на Рој Хоџсон кој реши да стави крај на кариерата, затоа што прво се согласи на тригодишен договор, за потоа да се премисли и да ја откаже зделката.

Според „Атлетик“, Фавре им се јавил на Кристал Палас и им рекол дека не е подготвен да се врати на тренерската работа, па затоа нема да биде тренер на лондонската екипа. Тој ги уверувал луѓето од Палас дека причината за откажувањето не е дека се договорил со друг клуб.

Фавре последно работеше во Борусија Дортмунд од каде доби отказ во декември минатата година. Претходно ги предводеше Ница, Менхенгладбах, Херта, Цирих и Сервет.

ПретходноМатлиески нов тренер на КЛ7: „Ветувам многу работа и максимална посветеност“
Следно„Фалангата“ е најдобрата навивачка група на ЕУРО (ВИДЕО)