Велс со посебен дрес Кристијан Ериксен пред мечот со Данска

234

Предн стартот на првиот меч од елиминационата фаза на тековното ЕУРО, помеѓу селекциите на Велс и Данска, капитенот на Велшаните, Герет Бејл му подари на ривалот прекрасен подарок.

Дрес на репрезентацијата на Велс, со името на Кристијан Ериксен и потписи на сите репрезетативци.

Светската јавност остана во шок откако Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен на првиот меч за својот национален тим на овој турнир, против Финска, колабираше на теренот и беше итно пренесен во болница. Неговата здравствена ситуација се подобрува од ден на ден.

 

ПретходноКаланоски и Мирчевски први новитети на Академија Пандев, Бразилец во шпицот на нападот
СледноЛиверпул не може да се „откачи“ од Кариус