„Летаа пердуви“, Милвоки изедначи на 1-1 (ВИДЕО)

276

Милвоки на вториот финален меч во Западната конференција ја растури Атланта со 125-91 и изедначи во серијата на 1-1.

Бакси до триумфот ги предводеше Јанис Адетокумбо со 25 поени (11/18), девет скока и 6 асистенции, Холидеј имаше 22 поени. На другата страна Јанг имаше 15 поени.

Кошаркарите на Милвоки доминираа во текот на целиот меч, поведоа со 12-3, по првата четвртина беше 34-28. Главниот удар го зададоа во следниот период, го добија со 43-17. По водството од 77-45 на одморот беше повеќе од јасно кој ќе излезе како победник од оваа пресметка.

ПретходноРамос донел одлука, наскоро ќе пристигне на лекарски прегледи
Следно„Марка“: Пандев е меѓу најголемите ѕвезди во досегашниот дел од ЕУРО 2020!