Од Пелистер си заминаа неколку играчи ова лето, а меѓу нив и странците. Омар Гудиаби ќе ја продолжи својата кариера во азербејџанскиот прволигаш Кешла, а во истиот клуб му се приклучи и португалскиот напаѓач Алдаир Нето.
Нето кој е роден во Ангола но има португалско државјанство, беше дел тимот на Пелистер минатата сезона, но и тој реши да не остане во Битола туку да си побара друг клуб. А и тој ги задоволил челниците на Кешла кои решиле да го ангажираат. Тој потпиша едногодишен договор.
Инаку, Кешла е новото име на Интер Баку, двоен шампион на Азербејџан.