Почнува осминафиналето на Еуро 2020: Данска и Италија големи фаворити, Велс и Австрија чекаат шанса

200

Данска и Велс попладнево од 18 часот и официјално ја почнуваат осминафиналната програма на Еуро 2020. Данците кои мина низ многу перипетии, но го заслужија своето место во оваа фаза од шампионатот, пред себе го имаат исклучително непредвидливиот тим на Велс. Мечот се игра на  арената „Јохан Кројф“ во Амстердам и повеќето предвидувања им се наклонети на Данците.

Велшаните пријатно изненадија со настапот во групата „А“. Ремито против Швајцарија беше проследено со победа над Турција, а во последното коло „змејовите“ загубија од Италија, играјќи со човек помалку од 55 минута. Данска се враќа во елиминациската фаза за првпат од 2004 година. Тогаш тимот беше елиминиран во четвртфиналето.

Во сигурно поинтересниот меч, вечерва на „Вембли“ се соочуваат Италија и Австрија. „Аѕурите“ играат импресивно од почетокот на шампионатот и се едни од екипите кои ја завршија групната фаза со полн успех – три победи. Сега составот на Роберто Манчини мора да покаже дека е способен да ја продолжи својата респектабилна серија во која нанижаа 30 меча без пораз и 11 меча без примен гол.

Ветеранот Киелини се повреди против Швајцарија и изминатите недела дена тренираше сам. Алесандро Флоренци исто така не е во оптимална состојба и нема да биде стартер вечерва. Постојат повеќе непознати околу стартните 11 во Австрија. Сепак, се очекува Фода да почне во формација 4-2-3-1, како и против Украина, а нападот ќе го предводи Марко Арнаутовиќ.

ПретходноБратот на Мбапе во ПСЖ до 2024!
СледноДејвис куп: Ивановски и Србљак фуриозни, Македонија со 2:0 води против Молдавија!