Микел Дамсгор е едно од откритијата на Европското првенство. Ова 20-годишно момче го привлече вниманието со одличните настапи на континенталниот шампионат, а перфектниот гол против Русија во 3. коло од групната фаза само си ја зголеми вредноста. Се работи за крилен напаѓач кој за неколку дена ќе наполни 21 година и игра за Сампдорија, а веќе е на списокот на Милан, Барселона, Тотенхем, Вест Хем…
Вечерва против Велс асистираше за првиот гол на Долберг што само потврди дека има огромен потенцијал да ги достигне височините на браќата Лаудруп, Петер Шмајхел, Ларс Олсен, Ким Вилфорт, Хенрик Ларсон…
Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро неодамна го прокоментира интересот за Данецот.
„Сега вреди 30 милиони евра, но по ЕП за него ќе барам 40 милиони евра“, порача екстравагантниот Фереро.
Инаку Дамсгорд пристигна во Сампдорија минатото лето од Нордјеланд за 6,7 милиони евра.
Ова момче почна да тренира фудбал во својот роден град Јилинге, во истоимениот клуб каде како тренер работел татко му. За време на меч за овој клуб, бил забележан од скаут на Нордсјеланд кој всушност дошол да гледа друг фудбалер, а го забележал Дамсгард. Со 12 години тој доаѓа во Нордсјеланд каде прво настапува за младинската екипа, а во 2017 година дебитира и за сениорскиот тим и тоа со 17 години.
Дамсгор има шест натпревари за Данска и три гола. Едниот против Русија и уште два против Молдавија на 28 март во квалификациите за СП 2022.