Адеми: Горд сум што играв на Еуро, Пандев многу ќе ни недостига

972

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен во Динамо Загреб, Аријан Адеми, во интервју за тамошните медиуми зборуваше за настапите со Македонија на дебитантското за нас Еуро, како и прогнозираше победа на Хрватска во осминафиналето против Шпанија.

„Горд сум што играв со Македонија на Европско првенство. Среќен сум, ама ми е жал што не направивме нешто повеќе. Многу не чинеше тоа неискуство од играње на такви големи натпревари, не се снајдовме, ни фалеше и среќа во некои ситуации, но и таа среќа треба да се заслужи“, вели Адеми.

За Пандев и неговото збогување со репрезентацијата, капитенот на Динамо дополни:

„Заминувањето на Горан беше баш емотивно. Не само за мене, туку и за сите фудбалери, стручниот штаб, навивачите. Пандев е легенда на Македонија и нема што тука повеќе да се зборува. Јас сум сигурен дека многу ќе ни недостига во квалификациите за Светското првенство. Тој беше наш капитен, лидер, а пред сѐ голем човек. Многу ќе ни недостига“, додава Адеми.

На прашањето што очекува од мечот меѓу Хрватска и Шпанија, тој вели дека „коцкестите“ можат да ја поминат „фуријата“.

„Верувам дека Хрватска може да отиде многу далеку. Инаку, досега на ЕП најмногу ме импресионираше Италија. Тие навистина играат добар фудбал, тактички се зрели“, вели Адеми.

ПретходноМарка: Ливерпул и официјално испратил барање до ПСЖ за трансфер на Мбапе
СледноЗа време на ЕУРО: Швајцарците патувале 12.000 километри, додека Англичаните – нула